Нунес утре може да потпише со Ливерпул

од Vladimir Zorba
300 прегледи

Напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нунес утре може да го потпише својот личен договор со Ливерпул, тврди „Ливерпул Еко“. Изданието додава дека договорот ќе биде на пет години. Португалските медиуми сугерираат и дека трансферот може да биде финализиран наскоро.

„О Жого“ и „А Бола“ инсистираат дека првата понуда на „црвените“ била првично 60 милиони фунти плус 25 милиони фунти во бонуси.

Раководството на Бенфика го одби, по што „Енфилд“ ја промени понудата за структурата на плаќањата и ја зголеми почетната сума на 68 милиони фунти, со бонуси од 17 милиони.

Бенфика бара 100 милиони евра за својата ѕвезда, па Ливерпул со своите предлози ги исполнува овие барања, но двата клуба едноставно мора да се договорат за структурата на плаќањата. Португалеците најверојатно ќе се обиде да преговара за уште поголема почетна сума и помала сума на бонуси.

„Ливерпул Еко“ тврди дека Манчестер Јунајтед, Њукасл и Атлетико Мадрид се уште се заинтересирани за Нунес, но Ливерпул е во предност бидејќи самиот Уругваец сака да се пресели на „Енфилд“ и да соработува со Јирген Клоп. Изворот додава дека за да ги „исфорсираат“ преговорите, „црвените“ можеби ќе понудат некој од нивните сегашни играчи да тргне во спротивна насока. Се споменуваат имињата на Такуми Минамино, Неко Вилијамс и Алекс Окслејд-Чембрлен.

Слични содржини