Центарот за управување со кризи (ЦУК) апелира до граѓаните да се засолнат поради можното невреме.
-Поради можно локално невреме во Скопско, местото каде паѓаа лимови од кров на зграда во Општина Центар на улица „Македонија“ се уште претставува потенцијална опасна површина за движење – конкретно каде што паѓаа лимови од покривот на зградата на „Технометал Вардар“ карши Спомен куќата на мајка Тераза во самиот Центар на Град Скопје. ЦУК, во овааа прилика, за можната опасност известува и заради продолжениот викенд и најавата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за можно невреме на територијата на Град Скопје. Лимовите што висат на покривот од зградата претставуваат опасност по животот и здравјето на луѓето, појаснуваат од ЦУК.
Од таму велат дека преку својот Оперативен центар и Регионален центар за управување со кризи РЦУК Град Скопје ги имаат известено сите надлежни на територијата на Град Скопје и се во постојана координација со МВР за зголемување на безбедноста на улица „Македонија“, односно на местото што претставува потенцијална опасна површина.
-Конкретно, денеска ЦУК, повторно стапи во контакт со лицето за соработка со ЦУК во Општина Центар за да се пронајдат и реализираат што е можно побрзо решенија за отстранување на опасноста и потоа поднесе барање до Министерството за внатрешни за обезбедување на местото кај улица „Македонија“ каде што би можело да паднат кровни лимови при локално невреме во Скопско, стои во предупредувањето на ЦУК.