Министерот за економија Крешник Бектеши информира дека македонската влада е можеби единствената во регионот која носи мерки од ноември, за да го ублажи ударот врз граѓаните, во делот на трговијата.
-Не може во време на војна, да се направат истите профити кои биле направени претходно. Ако компаниите инвестираат во дополнителни капацитети, тоа е слично, но ако имаме иста ситуација оваа година и претходната година, и претходната сме зацртале одредена сума на профит, како што ние како влада ги ревидираме нивните проекции, тоа треба да го направат и трговците. 80% од тие производи кои беа во првичната одлука, и за нив ќе донесеме дополнителна одлука во делот на трговијата и начинот на вршење трговија со тие производи. Ако одреден производ не се произведува овде кај нас, ако една компанија работи само еден производ, ако има гама на производ, треба да ги распредели трошоците во сите производи, кои ги има оперативни и за кои врши дистрибуција. За нив ќе има различна мерка, каде што главно ќе се зема во предвид импутот што го има, рече Бектеши во емисијата „Вин-вин“ за најавените мерки за справување со економската криза.
Според него, имаме ланци на супермаркети кои имаат разлика од другите во делот на политиката на одредување на цените.
-За еден производ да се продава во одреден маркет, има различни трошоци и за производителот и за увозникот. Значи не се исти трошоците во одреден маркет или во друг маркет. Ние мислиме дека во вакво време, такви трошоци треба да бидат укинати. Тоа треба да се движи од 5 до 25% за одредени производи, рече Бектеши и додаде:
-Ги повкувам граѓаните, каде што има големо зголемување на цените на производи, во однос на претходно, веднаш да пријават во Државниот пазарен инспекторат и другите институции, за да излезат на терен.