УЈП работи со одлив на кадар, вели Лукаревска

од Nikola Popovski
216 прегледи

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска информира дека во институцијата има одлив на кадар.

-УЈП работи со одлив на кадар, како и во секоја институција, согласно пензионирањето. Ќе треба да работиме повеќе за да ги унапредиме тие инспекторски служби. Секогаш ќе има недостаток на инспектори во рамки на Управата, веројатно во сите инспекциски служби. Инспекциската служба е многу битна за да го утврди она што вистински се случува на терен, да го сопре даночното затајување и да ги разбие оние шеми на незаконито постапување од страна на обврзниците, рече Лукаревска во емисијата „Клик плус“.

Слични содржини