Мицкоски: Трите барања на Петков се порадикални и од барањата на Каракачанов

од Берта Китинска
252 прегледи

Трите барања на Петков се порадикални и од барањата на Каракачанов, смета лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски појаснувајќи дека тое се ултра националистички постапки за да ја одржи владејачката коалиција во Бугарија.

– Декларацијата на парламентот за која ја зборувам , која е ултра асимилаторска и хегемонистичка, потоа вели Бугарите во Уставот и на крај Договорот за добрососедство.Не знам кој нормален човек во Македонија ова ќе го прифати. Ова што го гледам е обид на Петков да ја одржи, каква таква, коалицијата во Бугарија со ултра радикален национализам. Човекот политички лута. Пооваа изјава, не знам зошто воопшто преговараме, рече Мицкоски.