Последни детали го делат Погба од враќање во Јувентус

од Vladimir Zorba
290 прегледи

Враќањето на Пол Погба во Јувентус е прашање на денови, изјави експертот за трансфери Фабрицио Романо.

Според него, преговорите со агентката на играчот Рафаелa Пимента напредуваат и останува да се разјаснат само последните детали од трансферот на играчот од средниот ред во тимот.

Враќањето на Погба во Јувентус може да се смета за сигурно и многу брзо ќе биде официјализирано.

Како што е познато, тој играше во торинскиот гигант во периодот од 2012 до 2016 година. Тој во последните шест сезони играше за Манчестер Јунајтед, но сега ќе го напушти клубот како слободен играч.