Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска информираше дека партијата ќе вложи жалба откако писмено ќе ја добие пресудата пред Апелациониот суд, откако беше одлучено да се конфискува партиското седиште на партијата.
-Не очекуваме дека нешто може во ова партизирано судство и обвинителство да се измени, но ќе ги искористиме сите правни механизми коишто ни стојат на располагање, а ќе ја разгледаме и опцијата да отвориме постапка и пред Судот во Стразбур. Правдата ќе биде докажана. Ние ќе продолжиме со нашата борба уште помотивирани, и уште поконцентрирани. Единствениот начин за победа над сиромаштијата, стопирање на инфлацијата, економијата да ни оди напред е смена на оваа власт. Затоа што премногу е. Затоа го повикувам секој еден граѓанин да се спротивстави и да се бориме за смена на власта на СДСМ и ДУИ. Гласно да го кажеме незадоволството, рече Мицкоски.