Сопственикот на шпанскиот клуб Алмерија, Турки Алалшик навести дека уругвајскиот напаѓач на Бенфика – Дарвин Нунес ќе се пресели во Ливерпул, а не во Манчестер Јунајтед или друг клуб.
Алмерија е клубот во кој настапуваше Нунес во сезоната 2019/20 пред неговиот трансфер во Бенфика, а сопственикот на шпанскиот тим на Твитер објави колаж во кој Уругваецот е прикажан со дресот на Ливерпул.
@Darwinn99 ❤️💪🏻🔥🦁 pic.twitter.com/PXgJ4sRoAj
— TURKI ALALSHIKH (@Turki_alalshikh) June 10, 2022
Според некои медиуми, новиот член на Ла Лига Алмерија ќе земе 20% од сумата за трансфер кога Бенфика ќе го продаде Нунес на друг клуб.
Нунес се смета за речиси сигурно ново засилување на тимот од Мерсисајд, при што се очекува Британците да им платат на Лисабонските орли околу 100 милиони евра за него.