ВМРО-ДПМНЕ бара оставка и извинување од Ковачевски за „премиер на Западна Бугарија“

од Vladimir Zorba
197 прегледи

„Димитар Ковачевски не го штити, туку го продава македонскиот идентитет и Македонија. Едно збори пред камерите, а зад камерите гледаме како се смее и одобрува Македонија да се нарекува Западна Бугарија“, реагираат од Белата палата на видеото кое се појави во грчките медиуми, во кое премиерот на Албанија, Еди Рама го претставува, на шега, Ковачевски како иден премиер на Западна Бугарија.

„Ковачевски и ова СДСМ се антидржавни елементи преку кои Македонија доживува понижувања.

Во стилот на измеќар од Македонските Народни Приказни го видовме како се смее и одобрува едно од најголемите понижувања за Македонија. Еден Заев се замени со друг, во ликот на Ковачевски.

Потребно е Ковачевски поради оваа скандалозна изјава веднаш да си даде оставка и да се извини“, велат од опозициската партија.