УАПСЕН ЗА СИЛУВАЊЕ: Ѕвезда на Бундеслигата зад решетки на Ибица

од Vladimir Zorba
278 прегледи

На Ибица полицијата уапси играч на германската Бундеслига под сомнение дека силувал шпанскa тинејџерка.

Британски „Сан“ пренесува дека 25-годишен фудбалер бил приведен заедно со маж на иста возраст откако 18-годишна девојка им кажала на детективите дека била сексуално злоставувана во вила во Сан Хозе.

Извори блиски до истрагата тврдат за британските медиуми дека девојката е повредена и пренесена во болница, а двајцата уапсени од средата се зад решетки, а наскоро ќе има затворен распит и ќе се донесе одлука дали осомничените ќе бидат ослободени со кауција или ќе останат во притвор.

Иако името на фудбалерот не се открива, извори тврдат дека станува збор за играч кој неодамна го продолжил договорот со еден од најуспешните германски клубови. Се наведува и дека ја освоил титулата шампион на Германија.

– Двајца Германци се уапсени откако жена пријавила силување во полиција. Истрагата е во тек – изјави портпаролот на локалната полиција.

Локалниот печат не ги наведува имињата на осомничените, додека обвинителството засега одбива да го коментира целиот случај.

Слични содржини