Црквата во Фенер ги отвора портите за верниците: Заедничка литургија на г.г. Стефан и патријархот Вартоломеј

од Берта Китинска
252 прегледи

Седиштето на Вселенската патријаршија денес наутро ќе ги отвори портите за многубројните верници од нашата земја кои ќе присуствуваат на заедничката литургија на која ќе сослужуваат архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Главниот настан со кој ќе се официјализира оваа одлука на Вселенската патријаршија е в недела на Духовден кога во патријаршискиот храм на Фанар Архиепископот Стефан и Патријархот Вартоломеј ќе ја отслужат првата заедничка литургија.

Ова прво сосолужување на Архиепископ од Македионија и на Вселенски патријарх е прво во модерната историја. Иако нема точни податоци, сепак некои историски записи посочуваат дека последен пат Охридски Архиепископ и Вселенски Патријарх заедно служеле во 1763 година кога е назначен Арсениј за Архиепископ Охридски.

На овој голем историски настан ќе се официјализира воспоставувањето на канонско единство и враќањето на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија меѓу православните цркви, откако на 9 мај Вселенската патријаршија ја тргна шизмата од МПЦ-ОА.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска ќе предводи делегација на Владата на Република Северна Македонија којашто во рамките на работната посета на Туркије ќе престојува во Истанбул за да учествува на литургијата што заеднички ќе ја сослушуваат Архиепископот Охридски и Македонски и поглавар на МПЦ-ОА, г. г. Стефан и Патријархот на Вселенската патријаршија и Архиепископ Цариградски Вартоломеј, ин формираат од Влада.

-Претседателот на Владата на Северна Македонија Димитар Ковачевски и членовите на делегацијата Бујар Османи, министер за надворешни работи, Славјанка Петровска, министерка за одбрана и Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, во Фанар ќе присуствуваат на Патријаршиската и Синодолна Света Литургија, откако во четвртокот вселенскиот патријарх г. Вартоломеј на нашиот архиепископ г. г. Стефан му го предаде актот на Вселенската патријаршија за примање на Охридската Архиепископија во богослужбено и канонско единство со останатите православни цркви.

Агендата од работната посета на делегацијата на Владата на Северна Македонија на Вселенската патријаршија предвидува прием за членовите на делегацијата и тет-а-тет средба на премиерот Ковачевски со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, велат од Влада.

Одлуката на Светиот патријаршиски синод за отстранување на шизмата беше донесена на синодското заседание на 9 мај, со што практично Вселенската патријаршија ја призна црковната јерархија предводена од архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и воспостави канонско и литургиско општење со неа.

Одлуката на Синодот на Вселенската патријаршија уследи откако по повеќедеценискиот спор со СПЦ и меѓународната изолација и непризнавање на нашата црква од православниот свет, во април 2018 година нашиот Синод едногласно испрати молба за апелација до Вселенската патријаршија, која единствена на сеправославно ниво има историски и канонски права и привилегии да прифаќа апелација и да доделува автокефалност.

Слични содржини