Мицкоски: Важен ден за МПЦ-ОА, да бидеме обединети и силни на страна на интересите на Македонија

од Vladimir Zorba
199 прегледи

„Црквата е еден од важните столбови на кои се темели нашето идентитетско распознавање! Силна и интегрирана Црква е прилог кон стабилноста и долговечноста на нашата Македонија! Сме се соочувале со бури и ветришта, но секогаш кога сме биле обединети помеѓу себе, заедно со народот, секогаш кога сме се бореле заедно, сме победувале и сме надминувале сѐ! Така е и денес кога се извојува важна победа за нашата МПЦ-ОА!“, пишува на својот Фејсбук профил лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Нека биде за многу години и за слава на народот, граѓаните и нашата Македонија денешната заедничка историска литургија на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан со Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј, во седиштето на Вселенската Патријаршија.

Да бидеме обединети и силни на страна на интересите на Македонија! На многаја лета…“, додаде тој.

Слични содржини