Благодарност до Вселенскиот патријарх Вартоломеј за приемот на Охридската Архиепископија во канонско единство со другите православни цркви, изрази министерот за надворешни работи Бујар Османи во објава на Фејсбук.
Со ваквиот чекор, Османи вели дека се отстранува повеќедецениската изолација и се отвара патот за добивање автокефалност во периодот што следи.