Ковачевски на средба со Ердоган

од Берта Китинска
252 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска во Истанбул ќе предводи владина делегација на средба со претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, во рамките на неговата работна посета.

Средбата на премиерот Ковачевски со претседателот Ердоган е потврда на исклучително добрите односи со Турција и на неа е предвидено да се разговара за повеќе билатерални прашања од интерес на двете земји.