Манчестер Сити денеска официјално ја претстави својата ѕвезда, новото засилување Ерлинг Халанд. Уште на 10 мај, шампионите објавија дека постигнале договор со Борусија (Дортмунд) за трансфер на 21-годишниот Норвежанец.
Стадионот „Етихад“ ја активираше ослободителната клаузула во договорот на играчот со „жолто-црните“, за која англиските медиуми тврдеа дека вреди 60 милиони евра (51 милион фунти). Напаѓачот денеска потпиша петгодишен договор со „граѓаните“. Тој официјално ќе стане играч на Манчестер Сити на 1 јули.
Датумот на презентацијата не е случајно избран, бидејќи на денешен ден пред 22 години таткото на Ерлинг – Алфи го потпиша договорот со Манчестер Сити.
„Роден сум во Англија и цел живот сум навивач на Сити. Знам многу за клубот. Тука се чувствувам како дома. Овој ден е извор на гордост за мене и моето семејство. Секогаш сум го гледал Сити. Сакав да го гледам тимот во последните неколку сезони. Не можете а да не му се восхитувате на стилот на игра на тим кој игра возбудлив фудбал и овозможува многу голови, што е совршено за играч како мене. Во овој тим има толку многу играчи од светска класа, а Пеп е еден од најголемите менаџери на сите времиња. Затоа верувам дека ова е вистинското место каде можам да ги задоволам моите амбиции. Сакам да постигнувам голови, да освојувам трофеи и да се развивам како фудбалер. Убеден сум дека ова можам да го постигнам овде. Ова е одличен потег за мене и едвај чекам да започне сезоната, изјави Халанд кој за Борусија постигна 86 гола на 89 натпревари.
🎥 FIRST CITY INTERVIEW 🎥
Watch @ErlingHaaland’s first City interview in full! 👇 pic.twitter.com/OAkf96Ltb5
— Manchester City (@ManCity) June 13, 2022
Се вели дека Халандија заработува 375.000 фунти неделно во Манчестер Сити.
„Го следиме Ерлинг веќе неколку години и среќни сме што можеме да го привлечеме во Манчестер Сити. Неговите голови се нешто извонредно, а неговиот настап со тимот на Борусија и особено настапите во Лигата на шампионите покажа дека може да има успеси на највисоко ниво. Ерлинг има се што сакаме од еден напаѓач. Сигурни сме дека ќе се истакне во овој тим и оваа шема. Неговиот напредок е извонреден, а има само 21 година. Сигурен сум дека нашите навивачи ќе уживаат во настапите на Ерлинг“, изјави фудбалскиот директор на Сити, Чики Бегиристајн.