ССМ потсетува дека до сите координатори на пратенички групи во Собранието достави предлог амандман кој значи да се зголеми основната нето плата на вработените во органите на државната и на локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон и – институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, армијата, полицијата како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје за 2806 денари во нето износ согласно зголемувањето на минималната плата објавена во Сл. Весник на РСМ бр. 41 од 24 февруари 2022 година.
„Минатата недела во координација со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ амандманот и официјално од нивна страна беше доставен до Собранието согласно процедурите, а јавна поддршка добивме и од политичката партија Левица, како и од Демократски сојуз, Социјалистичка партија и ДОМ, додека СДСМ калкулира, а ДУИ сеуште молчи.
Апелираме амандманот во Собрание да биде изгласан пред најавеното дополнително покачување на струјата, нафтените деривати, цените на основните производи и др., кои пак ке предизвикаат дополнителни ценовни шокови насекаде и дополнителни ке ја обезвреднат платата на работниците.
Затоа е непходно платите да се покачат веднаш со донесување на ребалансот за минимум 2.806 денари уште од 01.07.2022 година за да може да се амортизираат барем малку овие покачувања особено ако се знае дека од почеток на годината вредноста на синдикалната минимална кошничка пораснала за 2.980 денари, за една година 4.635 денари пари кои ги нема во буџетот на едно семејство и тоа само за преживување во тековниот месец.
Очекуваме сите пратеници да го поддржат амандманот на ССМ кој е доставен од пратениците од ВМРО – ДПМНЕ поради тоа што соработката претставниците на работниците и претставниците на народот е значајна алка за унапредување на работничките права и во иднина треба да биде пракса за надминување на сите предизвици.
ССМ смета дека доколку се изгласа ребалансот на буџетот без да се предвидат средства за зголемување на платите во јавниот сектор во тој случај нема да може да се постапи согласно закон и ќе нема средства за усогласување на платите на вработени во јавниот сектор ниту од 01.07.2022 година како што е барањето на ССМ и работниците, а ниту пак за услогласување во Законскиот рок и на тој начин ССМ како единствен репрезентативен претставник на работниците во јавниот сектор е ставен пред свршен чин и е донесена Одлуката за повикување и поведување на штрајк кој ќе се одржи на 22.06.2022 година кога целиот јавен сектор ќе застане за работникот да опстане!“, се вели во соопштението.