Ковачевски: Да сме горди што одекна нашиот македонски јазик на заедничката литургијата во Вселенската патријаршија (ВИДЕО)

од Берта Китинска
219 прегледи

Честитки до сите православни верници за историската придобивка за нашата црква – таа е признаена и прифатена во канонско единство со останатиот православен свет, напиша на својот Фејбук профил премиерот Димитар Ковачевски.

-Среќен сум што во име на македонскиот народ, ја имав честа на македонски јазик да го прочитам Словото на верата во срцето на Вселенската Патријаршија.
Да сме горди што одекна нашиот македонски јазик на заедничката литургијата во Вселенската патријаршија, напиша премиерот.