Пред да биде утврдена новата цена на струјата, ќе треба да се донесе и новиот тарифник со новите четири предложени тарифи, кои треба да почнат да важат од почетокот на следниот месец.
На денешната прес-конфереција на РКЕ беше соопштено дека скапата струја ќе биде поделена во четири блока.
Потрошената струја до 210 киловатчаса во скапа тарифа месечно, ќе се плаќа 35 отсто поевтино од сега, потрошувачката меѓу 210 и 420 киловатчаса ќе биде со цени слични на сегашните, меѓу 420 и 630 киловатчаса ќе биде поскапа, а секој киловатчас над границата од 630 киловатчаса скапа струја месечно ќе биде многу поскап и ќе биде по слична цена со индустриската струја. Евтината струја ќе остане како една тарифа за сите, во периодот меѓу 22 и 7 часот, вклучително и во недела.
Следната недела како што посочија од РКЕ ќе се дефинира моделот.Воедно граѓаните од денеска ќе може да пресметаат на калкулатор за ТС за универзален снабдувач, на кој секој може да си пресмета сметки по блок тарифи.