Левандовски ги договорил личните услови со Барселона

од Nikola Popovski
264 прегледи

Фудбалерот на Баерн, полскиот репрезентативец Роберт Левандовски (33) договорил тригодишен договор со Барселона, а во каталонскиот клуб треба да заработува девет милиони евра по сезона, пренесува шпански „Мундо депортиво“.

Шпанскиот весник истакнува дека Левандовски не го променил ставот и ја повторил желбата да ја продолжи кариерата во Барселона.

Сепак, за да се реализира трансферот, Барселона мора прво да ги среди финансиските проблеми, односно да продаде неколку играчи. Исто така, Баерн и Барселона мора да се договорат за висината на обештетувањето на полскиот напаѓач, кој има договор со германскиот клуб до јуни следната година.

Менаџерот на Левандовски стапил во контакт со челниците на Барселона и добил цврсто ветување дека каталонскиот клуб ќе најде пари за трансферот.

„Мундо депортиво“ потсетува дека Левандовски пред неколку недели изјавил „дека неговата ера во Баерн е завршена“, додека челниците на минхенскиот клуб го убедуваат полскиот напаѓач да ја промени својата одлука.

Слични содржини