Маричиќ: Почеток на преговорите со ЕУ ќе биде успех за целиот регион

од Nikola Popovski
280 прегледи

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ информира дека имал отворен и конструктивен разговор со вршителката на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот Директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата, Микела Матуела.

Според него, направиле преглед на постигнатиот напредок на европската агенда, со фокус на актуелниот статус на нашите евроинтеграции и динамиката на дијалогот со соседна Бугарија.

-Интензивно работиме на исполнување на задачите и критериумите за почеток на преговорите, со посебна посветеност на европската реформска агенда и тоа го нотираат сите меѓународни извештаи. Со почитуваната Матуела сме согласни дека Западен Балкан не само географски туку и вредносно припаѓа на ЕУ и дека сите земји од регионот треба да станат членки на Унијата кога ќе ги исполнат условите за тоа, објави Маричиќ.

Тој порача дека свесни се дека ЕУ мора да се прилагодува на новите услови и ситуации кои ги наметнува кризата во Украина.

-Она што е важно, сепак, е дека таа останува посветена на Западен Балкан и неговата европска перспектива. Почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија ќе биде успех за целиот регион и на Европската Унија, додава вицепремиерот.

Слични содржини