Бајден ги продолжи итните мерки за Балканот

од Stefanija Kuzmanovska
252 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден ги продолжи итните мерки во врска со Балканот за уште една година, соопшти Белата куќа.

„Актите на екстремистичко насилство и опструктивни активности и ситуацијата на Западен Балкан, која го попречува напредокот кон ефикасно и демократско владеење и целосна интеграција во трансатлантските институции, продолжуваат да претставуваат невообичаена и екстремна закана за националната безбедност и надворешната политика на САД“, се вели во соопштението Белите куќи.

Неопходно е да се продолжат итните мерки прогласени со Извршниот декрет 13219 кога станува збор за Западен Балкан, кој предвидува санкции против физички и правни лица кои на некој начин се вклучени во екстремистички активности во регионот, пренесува „Срна“.

Слични содржини