282
Еврокомесарката за здравје и безбедност на храна Стела Киријакидес изјави дека ЕУ денеска ќе потпише договор со еден производител на вакцини, без да прецизира кој, за испорака на околу 110.000 дози против мајмунска сипаница од крајот на јуни.
На маргините на состанокот на министрите за здравство на ЕУ во Луксембург, Киријакидес рече дека вакцините ќе бидат купени со средства од ЕУ и ќе бидат доставени до земјите-членки, пренесе „Ројтерс“.
Земјите од ЕУ досега имаат регистрирано 900 случаи на мајмунски сипаници.