Цената на бензинот и дизел горивата заклучно со 13 јуни во земјите од Западен Балкан покажува дека се највисоки во Албанија и Косово, пишува РСЕ Балкан.
Дизелот во Албанија се плаќа за 2,15 евра литар, додека бензинот е 2,02. Во Косово, литар дизел е поевтин од литар бензин, откако цените се 1,86 и 1,87 евра, соодветно.
Најниска цена на дизелот има во Црна Гора (1,58 евра) и С.Македонија (1,69 евра).
Црна Гора е на „најевтина“ и во однос на цената на бензинот (1,66 евра), додека С.Македонија има трет најскап литар бензин на Западен Балкан (1,78 евра).
На цените кои констатнтно растат, најмногу влијае руската инвазија на Украина.