Од Италија тврдат дека Де Јонг ги договорил личните услови со Јунајтед, тој вели дека е среќен во Барса

од Vladimir Zorba
232 прегледи

Популарниот италијански новинар, Николо Шира утринава објави дека Френки де Јонг ги договорил личните услови со Манчестер Јунајтед и е блиску до трансфер на „Олд Трафорд“. Според информациите, останува Барселона и англискиот клуб да се договорат за сумата на трансферот, а се зборува за бројка од 80 милиони евра.

Каталонците сакаат да се разделат со играчот од средниот ред бидејќи им требаат пари.

Од друга страна, пред два дена на прес-конференција на репрезентацијата на Холандија, Де Јонг објасни дека не планира да го напушти „Камп Ноу“.

„Секогаш се чувствувате поласкани кога други тимови покажуваат интерес за вас. Сепак, во моментов сум во најголемиот клуб во светот и таму се чувствувам одлично. Така што во моментов нема вести“, изјави Де Јонг.

Поранешниот играч за врска на Ајакс беше привлечен од Барса пред три години за 75 + 11 милиони евра.

Слични содржини