Се уште постојат индиции дека има мобилни телефони кај осудениците во „Идризово“, вели Спасовски

од Берта Китинска
679 прегледи

Ако се утврди одговорност, било чија ќе се бараат оставки. Уште постојат индиции дека има мобилни телефони, ние редовно вршиме претреси, кажа Марјан Спасовски, директор на Управата за извршување на санкции на денешната прес-конференција по големата акција во затворот во Идризово.

Тој појасни дека е направен неселективен претрес, додвајќи дека не може во една акција да бидат опфатени сите ќелии.

-Затворот во Идризово е избран бидејќи најголемиот дел, односно 50 отсто од затворската популација е таму. Лицата кај кои се правеше претрес се осудени за секаков вид на кривични дела и не се работи само за едно кривично дело, појасни тој.

Спасовски напомена дека истрагата е во тек и дека до пред 7, 8 години затворите биле табу тама и дека изминатиот период имаат поголема отчетност, додавајжи дека и таа отченост има црвена линија.

-Нема да дозволиме затворите да бидат ријалити шоу, вели тој.