Британското издание „Гардијан“ направи рејтинг на фаворитите за освојување на титулата на Светското првенство во Катар на крајот на годината.
Главен претендент за трофејот е селекцијата на Аргентина, бидејќи главни аргументи се настапот на „гаучосите“ во квалификациите и неодамнешната уникатна победа над европскиот првак Италија со 3-0 на турнирот „Финалисимо“.
По Аргентина е селекцијата на Бразил која загуби од Аргентина во финалето на Копа Америка во 2021. На третото место е поставена Шпанија.
„Ла Фурија Роха“ има млада и талентирана генерација, но како недостаток се посочува немањето истакнат голгетер.
Во топ 10 се и селекциите на Холандија, Германија, Франција, Данска, Белгија, Португалија и Англија.
Светското првенство во Катар ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември. На првенството ќе учествуваат 32 екипи.