Бредли Купер бил зависник од кокаин во раните дваесетти години и имал големи проблеми да најде девојка. Познатиот актер искрено проговори за своите пороци, како и за тоа кој му помогнал да се врати на вистинскиот пат.
Зборувајќи за својот живот и кариера, кои ги изгради уште во 2000-тите, Бредли Купер откри во подкаст на интернет шоуто „SmartLes“, водено од Џејсон Бејтмен, Вил Арнет и Шон Хејс, дека патот до славата не бил секогаш толку блескав. За жал, талентот и убавината што ги имал не му ја дале посакуваната самодоверба, а во раните дваесетти се чувствувал крајно несигурно, па дури и депресивно.
Проблемите започнале откако ја завршил актерската драмска школа во Њујорк и почнал да добива улоги.
– Бев толку изгубен и бев зависник од кокаин. Ја пресеков Ахиловата тетива веднаш откако ме отпуштија од „Алијас“ – изјави актерот.
Навраќајќи се на своето минато, Бредли истакна дека добрата работа во сето тоа е што сето тоа се случило кога тој бил сè уште исклучително млад и пред да започнат посериозните улоги во неговата кариера, а тоа се случило на 29-годишна возраст.
Иако денес со својата убавина и изглед ги крши срцата на жените ширум светот, холивудскиот актер откри дека не било секогаш така и дека жените не го посакувале.
– Преселувајќи се во Лос Анџелес, се чувствував како да сум повторно во средно училиште. Не можев да одам во ниту еден клуб, ниту една девојка не ме сакаше. Бев депресивен, откри Купер.
Агонијата и проблемите со дрогата и алкохолот со кои се соочи се случија пред „Мамурлак“ кој беше снимен во 2009 година и кој му донесе светска слава. Во тоа време тој веќе имаше 36 години.