МВР со детали за опожарениот автомобил на вработениот во „Идризово“

од Vladimir Zorba
260 прегледи

Утрово на паркингот пред затворот во Идризово било опожарено возилото на командир вработен во скопскиот затвор во Идризово.

„На 16.06.2022 во 01,50 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во кругот на Казнено поправната установа Затвор „Идризово“ на паркингот позади управната зграда, било опожарено патничко моторно возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на вработен во затворот.

Пожарот бил локализиран од страна на Бригадата за противпожарна заштита и сопственикот, кој при гаснење на пожарот се здобил со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР за „Локално“.

Изминативе денови имаше полициска акција за утврдување на одговорност за вработените во затворот кои дозволувале внесување ладно оружје, наркотични средства, мобилни телефони и други забранети предмети.

Слични содржини