Спејси првпат се појави на суд во Британија, му се заканува затворска казна до 20 години

од Stefanija Kuzmanovska
308 прегледи

Кевин Спејси остро ги негира наводите за сексуален напад, изјави неговиот адвокат во четвртокот кога актерот оскаровец првпат се појави пред британскиот суд под обвинение поради кое може да добие и 20 години затвор.

Минатиот месец, обвинителите го одобрија обвинението против 62-годишниот Спејси, четири точки за сексуален напад врз тројца мажи и уште една точка за поттикнување на лице да изврши сексуален чин без согласност. Обвинителите тврдат дека Спејси принудил маж на орален секс.

Пред судницата во Лондон го пречекаа бројни претставници на медиумите преку кои мораше да се пробие обезбедувањето за да дојде актерот во судницата.

Таму тој само потврди дека се вика Кевин Спејси Фаулер и неговата адреса во Лондон.

„Ројтерс“ пишува дека тој не покажал емоции.

„Г-дин Спејси силно ги негира сите обвиненија во случајот“, изјави пред судот неговиот адвокат Патрик Гибс. Гибс рече дека актерот одговорил на сите обвиненија пред три години во САД и дека целосно соработувал со истрагата.

Доколку биде осуден за сексуален напад, му се заканува затворска казна од шест месеци и парична казна, но друг чин на сексуален однос без согласност може да доведе до доживотен затвор. Полицијата соопшти дека нападите се случиле помеѓу март 2005 година и април 2013 година.

Слични содржини