УЕФА веќе ги активираше и провери информациите за можни неправилности во Пари Сен Жермен во врска со правилата за финансиски фер-плеј. Реал Мадрид вчера се обрати до европската централа со тврдење дека францускиот гигант на различни начини се обидува да ги заобиколи правилата.
Според новинарот Етјен Моати од Комитетот за финансиска контрола на УЕФА, тие побарале од парижаните да им достават одредени информации поврзани со сметките на клубот. Откако ќе се достави и прегледа предметната документација, ќе се оценува дали има докази за прекршоци, што пак би довело до поведување кривична постапка.
За сезоната 2020/21, ПСЖ објави загуби од 224,3 милиони евра, но во исто време покажа неограничени финансиски можности откако потпиша со скапи ѕвезди како Лионел Меси, Серхио Рамос, Џанлуиџи Донарума и други, а неодамна Килијан Мбапе го направи најплатен фудбалер во светот (се споменува сума од 93 милиони евра, од кои 50 милиони се само за плата).
Посебно се заинтересирани од УЕФА, бидејќи во 2014 година Французите имаа финансиски проблеми и потпишаа посебен договор со европската централа со која се согласија да платат казна од 60 милиони евра.
Претставниците од Нион, исто така, го истражуваа ПСЖ во 2018 година, но не беа пронајдени докази за прекршување.