332
ВМРО-ДПМНЕ денеска призна дека поради патувањето на нивниот пратеник Бојан Стојаноски во Египет, не работи Комисијата за финансирање и буџет каде се наоѓа ребалансот на Буџетот за 2022 година. ВМРО-ДПМНЕ да не си ја ишка мувата од капата. Факт е дека тој одбрал попрво да го посети Египет отколку да работи за граѓаните, реагираат преку соопштение од СДСМ.
Според владеачката партија, Стојаноски многу лесно можел да го отстапи своето место во делегацијата на друг пратеник, а тој да продолжи да ја води седницата на Комисијата за ребалансот да биде што побрзо усвоен, но сепак тоа не го сторил.
-Тоа е само уште една потврда дека на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ интересите на граѓаните им се на последно место, стои во партиското соопштение.