240
Граѓаните на Северна Македонија го заслужија евроатлантскиот пат. Земјата испорача конкретни резултати, рече известувачот на Европскиот парламент за земјава Илхан Ќучук на сесијата „Европскиот мировен проект во Западниот Балкан“ во рамки на Преспа форумот за дијалог.
Според него, тоа што ќе се вети, треба и да се испорача.
-Последните анкети покажуваат опаѓање во довербата на демократските начела. Се работи за политички сенс. Важно е граѓаните да бидат вклучени во вредностите на ЕУ, додаде Ќучук.