205
Претседателот Стево Пендаровски вечерва врачи признание на украинскиот народ за храброста, како дел од традиционалната награда што се доделува на Преспа форумот за дијалог.
-Едногласно одлучивме признанието за зачувување на демократија да го доделиме на украинскиот народ, изјави Пендаровски во обраќањето.
Наградата во име на Украина ја прими нивната амбасадорка во земјава, Наталија Задорожњук.
Минатата година на Преспа форумот за дијалог, наградата му беше доделена на амбасадорот Метју Нимиц за неговиот придонес за постигнувањето на Договорот од Преспа.