Кока-Кола ја напушта Русија

од Nikola Popovski
298 прегледи

Кока-кола денеска објави дека влегла во процес на намалување на капацитетите во Русија, а кога ќе биде завршен, повеќе нема да ги произведува или продава своите производи во таа земја.

Во март оваа година, најпопуларниот светски производител на безалкохолни пијалоци објави дека го прекинува бизнисот во Русија и дека ќе донесе дополнителни одлуки во согласност со развојот на ситуацијата во Украина, пренесе ТАС С.

Компанијата Кока-Кола Хеленик, која ги води бизнисите во Европа, има производствени капацитети во 28 земји и опслужува пазар од 595 милиони луѓе.

Во неа е вклучена и компанијата Кока-Кола Русија, која има производствени капацитети во Москва, Московската област, Санкт Петербург и Нижни Новгород.

Слични содржини