263
До 2019 година имавме многу стар Закон за енергетика кој ги немаше инкорпорирано обновливите извори, Воведен е нов модел на инвестирање вели министерот за економија Крешник Бектеши во Утрински Брифинг.
-За да се монтираат фотоволтаици потребно е домаќинството да го смени броилата со таков кој има влез и излез на електрична енергија. Ако беше дозовлено 4 киловати сега по новиот закон е дозволено производство на 6 киловати .Така едно домаќинство ако искористи само 2 киловати вишокот на енергија од 4 киловати може да ја продаде на ЕВН. Така домаќинствата можат да вршат размена и потоа произведената струја да се компензира или да се наплати, вели Бектеши.