Имаме направено многу одрекувања и донесовме тешки одлуки за членство во НАТО И ЕУ, за подобнра иднина на граѓаните. Членството во НАТО е постигнато, поради една блокада ЕУ не ги исполнува ветувањата иако има широка поддршка од земјите членки за што сум и благодарен јас, но и граѓаните, кажа премиерот Димитар Ковачевски кој како главен говорник денеска на Преспа Форумот за дијалог ја отвори сесијата на тема „65 години после Римскиот договор.
-Продолжуваме да работиме на европеизација на севкупниот систем во државата, европските демократски и општествени вредности ги имплементираме дома. Ние сме дел од Европското семејство и ги делиме истите вредности, кажа Ковачевски.
Тој во својот говор зборуваше за економските форми како клучни за пристапувањето во економијата, презентирајќи неколку реформски планови кои опфаќаат повеќе сектори, со цел нивно прилагодување на европските стандарди.
– Во рамките на социјално-економскиот дијалог кој се фокусира на вработувањето, образованието и социјалната политика се подготвуваат реформи во вработувањето и социјалната политика, која се фокусира на три приоритетни области – вработувањето и пазарот на труд, човечкиот капитал и вештините и социјалната инклузија и социјалната заштита, истакна Ковачевски.