Коалициските партнери од власта на средба: Ќе се реафирмира ставот за одржување редовни избори во 2024 година

од Берта Китинска
159 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес конференција откри дека в недела ќе има средба со коалициските партнери кои се дел од Владата и Парламентот.

Ковачевски вели дека секој ќе го каже своето мислење, а целта е да се направи рекапитуалција на се тоа што беше направено во однос на справување со кризата во изминатите месеци од формирањето на новата Влада.

– На средбата ќе го реафирмираме ставот за редовни парламентарни избори во 2024 година заедно со претседателските.Меѓу другото ќе информираме за мерките кои ќе бидат преземени, а се вцртани во ребалансот, ќе направиме и осврт и на кризата како од аспект на енергетската криза, кризата со растечките цени на светските берзи во однос на храната, на енергенсите суровините предизвикани од нападот на Русија врз Украина, појасни Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања при учеството на Преспа форумот за дијалог.