Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг се соочи со уште една пречка во обидот да го засили тимот пред новата сезона.
Според медиумите во Холандија, централниот дефанзивец на Ајакс Јуриен Тимбер, кој беше една од големите трансфер цели на Тен Хаг, одлучил да остане во својот сегашен клуб. Причината за ова е што 20-годишниот фудбалер не сакал да ризикува пред Мундијалот, да оди во нов тим и нов шампионат, каде нема да има гаранција дека ќе игра доволно пред Светското.
Инаку, самиот играч е отворен за иден трансфер на „Олд Трафорд“, но не сега.
Ова е уште една цел со која Тен Хаг ќе се размине. Минатата недела Дарвин Нуњез, кој исто така го бараше Холанѓанецот, избра да се пресели во Ливерпул. Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг долго време се мисли дали да се пресели на „Олд Трафорд“, иако информациите од последните денови се дека се чини дека конечно се согласил на овој трансфер.
Десниот бек на Ајакс, Ентони и Кристијан Ериксен се исто така меѓу трансфер целите на Манчестер Јунајтед.