Францускиот предлог за ветото е испратен до Бугарската комисија за надворешни работи

од Nikola Popovski
215 прегледи

Францускиот предлог за одлука за ветото наметнато од Бугарија за почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ е испратен до Комисијата за надворешна политика при Националното собрание. Ова за „БНР“ го соопштиле два независни извори од бугарскиот парламент.

Во документот што француското претседателство го испратило до претседателката на Комитетот за надворешна политика, Венцислава Љубенова, се вели дека „за преговорите за пристапување бараат да се посвети посебно внимание на заштитата и недискриминацијата на граѓаните од малцинските групи и заедници во Северна Македонија“. За да се обезбеди ова, напредокот по ова прашање ќе биде внимателно следен од Комисијата, која ќе поднесе извештај до Советот.

Било истакнато дека ЕУ ги нотира намерите на Бугарија и Северна Македонија за еднострана декларација во однос на македонскиот јазик.

-Заедно со барањата за имплементација на важни реформи и законски измени за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија – како што се судските реформи и борбата против корупцијата и организираниот криминал, тука е и борбата против говорот на омраза и дискриминацијата. Преговарачката рамка го вклучува барањето за постигнување конкретни резултати и совесно спроведување на билатералните договори, вклучително и Договорот за добрососедство со Бугарија од 2017 година и Софиската декларација од мај 2018 година, пишува „БНР“.

-Северна Македонија ќе треба да усвои инклузивен Акционен план за заштита на правата на малцинствата во областите на недискриминација, говор на омраза, образование, ефективни мерки, механизми за известување и идентификација на одговорни институции. Имплементацијата на овој патоказ и Акционен план постојано ќе се следи и редовно ќе се дискутира на Меѓувладините конференции во текот на процесот (по пристапувањето), се додава во текстот на „БНР“.

Во средата, Советот на министри на Бугарија донесе одлука сите предлози за темата Северна Македонија, освен сегашната бугарска позиција, да бидат одобрени од Националното собрание.

Пред една недела оваа тема стана причина за напуштање на владејачката коалиција од страна на партијата ИТН, а лидерот на партијата Слави Трифонов постапките на премиерот Кирил Петков ги оцени како национално предавство.

Слични содржини