Руското Министерство за одбрана објави список на странски платеници кои се борат во Украина. Според прикажаните информации, досега 79 македонски државјани заминале на фронтот, а 21 платеник загинале.
Покрај овие податоци, објавени се податоците дека 19 македонски државјани веќе ја напуштиле Украина, додека во моментов на украинска страна се борат уште 39 лица, објавува РИА Новости.
– На позадината на се поголемиот број воени неуспеси на режимот во Киев и огромните дневни загуби во работна сила и опрема, приливот на странски платеници во Украина не само што се намали, туку всушност се движи во спротивна насока. И покрај напорите на режимот во Киев и зголемувањето на плаќањата, режимот во Киев не може да го спречи процесот на платеници да одат во „оној“ свет или да се вратат во нивните земји на живеење. Неодамнешната празна приказна за „20.000“ странци кои се „борат“ против руските вооружени сили е обична лага, изјави денеска портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, генерал Игор Конашенков.
Тој објасни дека Министерството за одбрана на Русија го следи и евидентира престојот во Украина на секој претставник на, како што вели „меѓународен собир на коњаници без глави“.