Отворањето на македонскиот Устав да се случи пред почетокот на преговорите со ЕУ, бара Јотова

од Nikola Popovski
228 прегледи

Коментирајќи го францускиот предлог испратен до парламентот, со кој се предвидува укинување на бугарското вето за преговорите на Северна Македонија со ЕУ, бугарската потпретседателка Илијана Јотова посочила дека внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав како државотворен народ, треба да се случи пред нашата земја да ги започне преговорите за членство.

Според неа, тоа е еден од условите од кои Бугарија не може да се откаже.

„Очекувам да ја видам конечната верзија, која ќе излезе од состанокот на Корепер пред да влезе во Советот, да биде доволно етичка за да коментираме, а не да даваме само прелиминарни забелешки, бидејќи Бугарија е во многу тешка ситуација и сите непотребни зборови можат да попречат во двете насоки. Знаете, Бугарија има две работи од кои не може да отстапи – промената на Уставот и регистрацијата на Бугарите во Македонија не како малцинство, туку како државотворен народ и ова да биде пред почеток на преговорите. Втората работа се четирите услови поврзани со нашата историја“, рекле Јотова, пренесува „БНР“.

Слични содржини