Алабаковски: Народе мој Ви благодарам за Вашата искрена поткрепа

од Берта Китинска
314 прегледи

„Народе мој Ви благодарам за Вашата искрена поткрепа! Ве љубам од длабочината на срцето и душата“, напиша на социјалните мрежи, пејачот Ламбе Алабаковски против кого се води постапка за палењето на вратата на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола.

На 4 јуни, во раните утрински часови, Алабаковски со пожар предизвикал значителна опасност по имотот од големи размери. Тој истурил бензин врз влезната врата од Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, ставил фитил на прагот и го запалил.

По приведувањето му беше одреден притвор со образложение дека постои можност за бeгство оти пејачот поседува двојно државјанство, македонско и на САД, по што беше префрлен во куќен притвор.

Слични содржини