Долгоочекуван спектакл: Врчак и Ламбе изведоа СТАР ХИТ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Музичарот Раде Врчаковски Врчак, по подолга пауза, повторно испеа еден од неговите стари, добро познати, хитови.

Тој на сцената го придружуваше својот долгогодишен пријател Ламбе Алабаковски, и на огромно задоволство на насобраната толпа се фати за микрофонот.

Видеото од изведбата на хитот „Спасете ме другари“ набрзо стана вирално на социјалните мрежи, а во коментарите обожавателите на Врчак му порачаа дека е редно време повторно да почне да настапува.

Слични содржини