Пожарникарите во Шпанија денеска се борат за сузбивање на шумските пожари во неколку делови на земјата, кои беа погодени од топлотен бран невообичаен за овој период од годината.
Најголема штета е направена во северозападната провинција Замора, каде се уништени над 25.000 хектари вегетација, објавија регионалните власти, пренесе АП.