Граѓаните јасно им порачаа на Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ дека се против деструкции и блокади, дека не ги поддржуваат анти државните делувања и не се за предвремени избори, велат од СДСМ.
Оттаму посочуваат дека слабиот одѕив, лошата организација, неуспешноста на митингот на ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека граѓаните препознаваат дека нема ништо ново од Мицкоски.
-Граѓаните порачаа дека се против блокада на државата во клучни моменти и против обидите да се попречи успешното справување со најголемата економска и енергетска криза.Мицкоски требаше да ја стави пратеничката група во функција на граѓаните и законските решенија за подобрување на животниот стандард во услови на глобална криза но тој продолжува со својата тврдоглавост на штета на граѓаните, посочуваат од владејачката партија.