Голем пожар во источна Украина: Русите гранатираа складиште за гориво (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
271 прегледи

Новомосковск, град во источна Украина, е под постојан напад на руската војска, како и повеќето градови во земјата. Во неделата Русите со ракети погодија складиште за гориво, по што избувна голем пожар.

Од гранатирањето 14 лица се повредени, а еден загинал. Новомосковск се наоѓа североисточно од Дњипар, главниот град на регионот.

Пожарникарите цела ноќ се бореле со огнената стихија, но на крајот не му се гледа, исто како и на руската агресија, која трае веќе 118 дена на украинска територија.