225
Со денешаната одлука цената на безините ќе се намаил за 1,5 денари, додека пак цената на дизелот ќе се зголеми за 0,5 денари, кажа денеска првиот човек на Регулаторна Комисија за енергетитка Марко Беслимоски.
Тој посочи дека минатата недела во петокот беше намалена цената на горивата.
-Она што треба да го знаеме како факт е дека цената на доларот отиде над 59 денари, и такви квази експерти кои кажуваат колку била цената на нафтата пред 5, 6 или 7 години ја кажуваат само таа работа, а не кажуваат дека доларот тогаш бил 40 денари. Сега очигледно популарно е да се шпеклуира, експертиве за ковид што беа станаа експерти за енергетика и цени на светски брези и се обидуваат да протнат лажни вести, кажа Беслимоски.