Западен Балкан: Горивото е најскапо во Албанија, најевтино во Црна Гора, каде е С.Македонија?

од Vladimir Zorba
296 прегледи

Цените на горивата во Европа постојано растат, на што особено влијае војната предизвикана од руската инвазија на Украина.

На Западен Балкан горивото е најскапо во Албанија, земја во која цената на литар дизел, на 20 јуни 2022 година, беше над таа во Германија, водечката европска економија.

Кај нашиот западен сосед, литро дизел чини 2,16 евра, додека на Косово цената е 1,89 евра. Во Црна гора горивото е најевтино заклучно со денес (1,58), додека во С.Македонија за литро дизел треба да платите 1,77 евра.

Што се однесува до бензинот, тој во Албанија е 1,96 евра за литар, додека Косово повторно е на второ место со 1,91 евра. Не заостанува С.Македонија, откако плаќаме трет најскап бензин на Западен Балкан (1,83). И тука Црногорците „најлесно“ поминуваат, откако плаќаат 1,68 евра за литар бензин.

За споредба, во Германија за литро дизел се плаќа 2,05 евра, додека за литро бензин – 1,89 евра.

Цените се преземени од Министерство за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Националниот совет за транспарентност на Албанија, Министерство за капитални инвестиции на Црна Гора, Регулаторна комисија за енергетика на Северна Македонија, HIB Petrol and Shell of Kosovo и Fleetcor.de.

Слични содржини