Премиерот Димитар Ковачевски денеска појасни дека билатералниот протокол е статус и понатамошни чекори во однос на спроведувањето на Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија.
-Протоколот не е посебен договор или нешто ново што се случува со Бугарија, бидејќи протоколи се прават во однос на статусот и следните чекори кои што треба да с епреземат во однос на спробедувањето на Договорот со Бугарија. Протоколот е работа на двете Министерства за надворешни работи (МНР), до каде се стигнати со одредени прашања. Тој дури и се потпишува на ниво на МНР, треба да биде одобрен во двете МНР и при спроведувањето на наредните чекори, пак се работи за протокол кој што кажува до каде е стигнато во наредната фаза и што претстои. Во моментов во Бугарија го гледаат тоа што е постигнато досега. Тој не е нов договор што се додава на она што го имаме потпишано со Бугарија, рече Ковачевски како одговор на новинарско прашање.
Премиерот е дециден дека сите документи за кои се зборува во јавноста, кои што се однесуваат на одлуки кои треба да се носат во Бугарија, се наоѓааат во нивното собрание.
-Во Македонија не дошол документ, поточно нема таков документ пристигнат во нашето Министерство за надворешни работи, потенцира Ковачевски на заедничката прес-конференција со финската премиерка Сана Марин.