257
Лоши вести за македонскиот ракомет доаѓаат од Келн. Како што неофицијално дознава специјализираната страница за ракомет „Balkan-Handball.com“, Европската ракометна федерација донела одлука да му забрани на македонскиот шампион скопски Вардар да настапува во Лигата на шампионите на ЕХФ во сезоната 2022/2023.
Причина за ваквата одлука е нерасчистената финансиска состојба, која го доведе во прашање настапот на двократниот освојувач на Лигата на шампионите на ЕХФ од 2017 и 2019 година и минатата сезона, но ЕХФ тогаш му прогледа низ прсти на тимот од салата „Јане Сандански“ .
Официјалната одлука се очекува до крајот на неделата.
ППД Загреб и Целје Пивоварна Лашко се пријавиле за вајлд-карта од просторот на Екс-ју.